ТЕЛЕФОНИ ЗА КОНТАКТ: ++ 389 (0)2 2657 000 и ++ 389 (0)2 2657 031 |
СИСТЕМАТСКИ ПРЕГЛЕДИ | |
Систематски прегледи се вршат согласно стандардниот минимум, заради заштита и унапредување на здравјето и зачувување на работната способност, на секој вработен кој работи на работно место кое според проценката на ризикот на работното место, не претставува работно место со зголемен ризик. | |
ПЕРИОДИЧНИ ПРЕГЛЕДИ | |
Периодичните прегледи се вршат заради следење и оценување на здравствената состојба и работната способност на вработените за вршење на работи на работните места на кои поради опасности и/или штетности по безбедноста и здравјето при работа, постои зголемен ризик од повреди и заболувања, согласно стандардниот минимум. | |
ПРЕТХОДНИ ПРЕГЛЕДИ | |
Претходните прегледи се вршат заради утврдување на здравствената состојба и работната способност за извршување на работи на работни места на кои поради опасности и/или штетности по безбедноста и здравјето при работа, постои зголемен ризик од повреди и заболувања, согласно стандардниот минимум. | |
НАСОЧЕНИ ПРЕГЛЕДИ | |
Насочените прегледи се вршат заради следење и оценување на здравствената состојба и работната способност на вработените за вршење на работи на работните места на кои поради опасности и/или штетности по безбедноста и здравјето при работа постои зголемен ризик од повреди и заболувања, согласно стандардниот минимум. | |
ЗДРАВСТВЕНИ ПРЕГЛЕДИ НА ЛИЦА КОИ РАБОТАТ СО ИЗВОРИ НА ЈОНИЗИРАЧКО ЗРАЧЕЊЕ | |
ЈЗУ Поликлиника на секундарно ниво Железара – Скопје, согласно член 20, 21 и 22 од Законот за безбедност и здравје при работа (Сл. весник на РМ бр. 92/07) и Уредбата за видот, начинот, обемот и ценовникот на здравствени прегледи на вработените, е овластена установа за вршење здравствени прегледи на вработени
(Решение од Министерство за здравство за ОВЛАСТЕНА УСТАНОВА ЗА ВРШЕЊЕ НА ДЕЈНОСТ НА МЕДИЦИНА НА ТРУД бр. 223584/1)
(Решение од Министерство за здравство за ОВЛАСТЕНА УСТАНОВА ЗА ВРШЕЊЕ НА ДЕЈНОСТ НА МЕДИЦИНА НА ТРУД бр. 223584/1)