• Почетна
  • Оддели
  • Доктори
  • Финансиски извештаи
  • ЈАВНИ НАБАВКИ
  • Контакт

Здравствена станица Железара - Скопје е формирана во 1967 година, како дел од комплекот Рудници и Железарница ,,Скопје,,. Со трансформација на опшествениот капитал, здравствената станица се издвојува како посебен правен субјект во 1993 година, кога Владата на Република Македонија ги превзема основачките права од Рудници и Железарница и таа станува дел од јавниот здравствен сектор, со цел назив ЈЗУ Здравтвена станица Железара-Скопје.

ЈЗУ Поликлиника на секундарно ниво Железара – Скопје, денес претставува значаен сегмент од здравствениот систем, која обезбедува здравствени услуги на примарно и секундарно ниво на здравствена заштита.

На примарно ниво се обезбедува здравствена заштита на населението, на вработени и пензионери, со матични доктори од општа медицина, стоматологија и гинекологија, кои со трансформацијата на примарната здравствена заштита работат како концесионери во установата.

На секундарно ниво ЈЗУ Поликлиника на секундарно ниво Железара – Скопје, обезбедува специјалистичко консултативна здравствена заштита која се извршува на високо професионално и стручно ниво. Таа овозможува здравствена заштита и унапредување на здравјето, навремено лекување, континуирано следење на здравствената состојба на населението.

ЈЗУ Поликлиника на секундарно ниво ЖЕЛЕЗАРА Скопје

ул. 16та Македонска бригада бр.18
1000 Скопје, Република Македонија

Tel: (02) 2657-000 Fax: (02) 2657-009
Email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

image Follow Us:

ЈЗУ Желазара