СТРУЧНИ ТЕМИ
Е-ПОШТА
contact@jzuzelezara.mk
ТЕЛЕФОН
++ 389 (0)2 2657 051

Пребарајте на нашата веб страна

д-р Галина Наќеска, 

специјалист дерматовенеролог

 

Малигниот меланом е најагресивниот кожен карцином.

MaligenMelanom 002
Основен фактор кој води до појава на меланом е сончевата светлина, поточно ултравиолетовите зраци од сонцето,сличен ефект имаат и зраците добиени од вештачки извори кои се користат за придобивање тен на кожата, сé ова води до брз и експанзивен разраст на пигментните клетки во кожата од кои што е составен самиот тумор. Меланомот може да се појави во секоја воздраст, не само кај младите до 30 години.

Но почест е кај женскиот пол особено во помлада воздраст. Како што напоменавме сончевата експозиција особено екцесивното сончање, изгореници од сонце дури тоа и да е во најраната детска воздраст по долг латентен период може да доведе до појава на овој вид карцином.

Тука како прекурзори на малигниот меланом може да ги спомниме бемките кои се со ирегулирани, нејасно ограничени рабови, ирегулирана пигментација во повеќе нинјанси на кафеава боја до црна, и дијаметар поголем од 5мм, надворешните трауми на бемките, хормоналното влијание и пушенњето исто така можат да бидат асоцирани со појавата на меланом на кожата

Гените како фактор во комбинација со УВ експозиција го зголемуваат ризикот од појавата на меланом.

Висок ризик имаат лицата со дијагностициран меланом кај најмалку двајца блиски членови од фамилијата, зголемен број на бемки над 50, луѓето со светол тен, светли очи и светла коса кои имаат тенденција на сонце да изгорат наместо да потемнат.

Ризикот од фаталниот исход на овој вид на карцином на кожата зависи од од стадиумот на заболувањето кога е за прв пат диагностициран.

Со полоша прогноза се повоздрасните пациенти и мажите. Освен полот и воздраста улога има и локализацијата на туморот (стапалата, дланките, ушните школки, главата и подноктената плоча) се исто со лоша прогноза.

Доколку болеста се дијагностицира во ран статиум шансите за излекување и преживување се високи до 95%. Точно секоја бемка не е карцином, клучниот момент на раното одкривање на меланомот е раната самодетекција односно редовен самопреглед на секоја бемка на телото која се променува, прво од пациентот лично а потоа од лекар дерматовенеролог.

 MaligenMelanom 001

 

Луѓето треба да бидат доволно информирани и едуцирани од лекарите со цел на раното одкривање на овај вид најагресивен карцином на кожа од сите други видови кожни карциноми.

 

! Најчестите симптоми во раниот стадиум на меланом кои треба да ги натераат луѓето да побараат помош од лекар се
1 Пораснуваат размерите на содветната бемка!
2 Бемката може да стане потемна, посветла или понерамна на површината, ја менува бојата од кафеава до сина, црна, црвена или бела!
3 Нерамномерно се проширува со темен нерамен раб!
4 Се појавува јадеж – чешање!
5 Расте, крвари без причина или пак лесно се разранува на најмала дразба!
6 Може да биде прекриена со лушпи!
7 Појава на болка!

 

Меланомот можи да се развие и на нормална кожа,на место каде што нема бемки.

Треба да се знае и АБЦДЕ - системот на евалуација на промената (бемката) кој служи во поставување на раната дијагнозата на меланом.

MaligenMelanom ABCDE

 

! АБЦДЕ системот на евалуација
A ASYMMETRY (асиметрија на тумурот)!
B BORDER (нејасно ограничен раб)!
C COLOR (промена на бојата)!
D DIAMETER (диаметар над 5 мм)!
E EVOLVING (надигнување – вертикален раст)!

 MaligenMelanom ABCDE 2

 

MaligenMelanom 002
Меланомот може и треба да се превенира, од тоа зависи и успехот во понатамошниот третман, лекување и преживување. Од особена важност е самопрегледот и превенцијата од УВ – радијација.

Превенцијата се состои во избегнување на директна експозиција на сонце особено во период од 11:00 до 16:00 часот, употреба на физички средства за заштита (удобна, лесна, бела, тенка облека што го покрива телото и шапка), хемиски средства – креми со висок фактор за заштита од сонце СПФ+50, избегнување солариуми.

 

 д-р Галина Наќеска, 

специјалист дерматовенеролог

 

Во ЈЗУ Поликлиника ЖЕЛЕЗАРА ги извршуваме комплетните дерматовенеролошки прегледи благодарение на апаратурата што моментално ја имаме: дермоскоп, електрокаутер, течен азот во склоп на современо опремена лабораторија.
Во блиска иднина ќе се извршува доплер, третмани со ласер и нови дијагностички процедури.

 

 LOGO T S 400 300

 

Контакт информации

 

BANER WEB

   
ул. 16-ТА МАКЕДОНСКА БРИГАДА БР. 18
1000 СКОПЈЕ
++ 389 (0)2 2657 051 / информации
++ 389 (0)2 2657 000 / директор
contact@jzuzelezara.mk
Локација

 

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.jzuzelezara.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)