СТРУЧНИ ТЕМИ
Е-ПОШТА
contact@jzuzelezara.mk
ТЕЛЕФОН
++ 389 (0)2 2657 051

Пребарајте на нашата веб страна

д-р Билјана Бундевска,

специјалист оториноларинголог

 

Зуењето во ушите или тинитус како медицински термин, преставува субјективно чувство на звук во ушите без надворешен стимул. Проблем кој може да се јави кај сите возрасни катерогии и кај двата пола. Всушност самиот тинитус преставува симптом сам по себе не болест, но неговото јавување може да не води кон дијагностицирање на одредено заболување.

Посебно мора да се забележи дека од почетокот на пандемијата има зголемен број на пациенти кои се жалат на зуење во ушите и забележително е дека се намалува возраста за разлика од претходно кога зуењето како симптом беше покарактеристичен за повозрасната категорија.

Tinitus 01

Во однос на причинте кои доведуваат до појавата на овој симптом не може да се постават остри граници бидејќи во најголем број од случаите не може да се открие конкретна причина за појавата на овој симптом. Тинитусот како симптом е субјективен и го чувствува само пациентот во тишина, и не постои дијагностичка метода со која би можеле да го докажеме или отфрлиме фактот за неговото постоење. Секако тоа не би требало да не обесхрабрува ниту нас ниту пациентот. Иако во најголем број од случаите со тинитус не можеме да најдеме органска причина за појавата на овој симптом и покрај сите направени дијагностички процедури сепак не треба да го занемариме како проблем.

Како една од можните причини за појава на зуењето во ушите преставува нарушената циркулација која може да се јави во склоп на многу заболувања на пр. кардиоваскуларни заболувања, проблем со вратниот дел на рбетот, нарушувања на функцијата на тироидната жлезда итн. Како други можни причини кои би требало да ги земеме во предвид се и возраста на пациентот, воспалителните процеси, постоење на туморозни промени, звучните трауми, болестите на централниот нервен систем и др. системски заболувања.

Поради тоа што голем број на нарушувања на здравјето може како симптом да го имаат и тинитусот мора да сме внимателни во однос на трагањето на причините кои довеле до тоа се со цел да не дојде до пропуст во дијагностиката и лекувањето. Навременото барање на лекарска помош од страна на пациентот би било клучно за навремена дијагностика и навремен соодветен третман што од друга страна би значело побрз и очекуван позитивен резутат од лекувањето.

Tinitus 02

Низ секојдневната пракса може да се забележи дека една од најчестите причини за кои се претпоставува дека доведуваат до појавата на овој симптом се циркулаторните нарушувања, односно нарушената васкуларизација (исхраната) на ткивата и органите што резултира со оштетување на истите и нарушување на нормалното фукционирање. Во однос на органот за слух и слушниот нерв тоа би значело појава на тунитус и нарушен слух.

Тука би ја споменала и возраста на пациентот која исто така корелира со зголемена можност на појавата на тинитус бидејќи знаеме дека стареењето на организмот значи и стареење на сите органи и ткива односно намалена функционалост на истите што во однос на слухот преставува тесна меѓусебна врска со појавата на тинитусот.

Кога станува збор за третманот треба да се спомене дека потребно е најпрво лекување на основната причина која довела до појавата на овој симптом. Во најголем број на случаите со решавањето на примарниот проблем се решева и проблемот на тинитусот, но не е така мал бројот на пациенти кај кои не е најдена причина или пак причината која довела до зуење во ушите не е можно да се реши па проблемот на зуењето останува и пациентот треба да научи како да живее со зуењето не дозволувајќи да тоа биде причина за нарушен квалитет на живот.

 Tinitus 03

 

д-р Билјана Бундевска,

специјалист оториноларинголог

 LOGO T S 400 300

 

Контакт информации

 

BANER WEB

   
ул. 16-ТА МАКЕДОНСКА БРИГАДА БР. 18
1000 СКОПЈЕ
++ 389 (0)2 2657 051 / информации
++ 389 (0)2 2657 000 / директор
contact@jzuzelezara.mk
Локација

 

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.jzuzelezara.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)