КАБИНЕТ ЗА ОЧНИ БОЛЕСТИ
Кратковидост или миопија е рефракциска грешка кај луѓето при која зраците што влегуваат во окото се прекршуваат пред мрежницата, наместо на неа.
Тоа предизвикува појава на замаглено гледање на предметите во далечина.
Миопијата лесно се открива на рутински преглед на видот и успешно се корегира.
! | СИМПТОМИ НА КРАТКОВИДОСТ |
Кратковидните луѓе оддалечените предмети ги гледаат заматено и нејасно, додека блиските предмети ги гледаат бистро и јасно.
Првите знаци за појава на кратковидост може да се: потешкотии со гледање телевизија, непрепознавање луѓе на далеку, несигурност при возење и т.н. Кај децата се приметува напрегање, стискање на очите при гледање на далечина и најчесто седнуваат блиску пред телевизискиот екран. Често пати кај луѓето со миопија се присутни и следните симптоми: почести главоболки, отежнато гледање приквечер и ноќе, прекумено трепкање.
Кратковидоста најчесто се појавува до детската возраст и адолесценцијата и има тенденција на влошување со растењето
! | ПРИЧИНА ЗА ПОЈАВА НА КРАТКОВИДОСТ |
Причина за појава на кратовидост е поради предолго очно јаболче или поради позакривена рожница која појако ја прекршува влезната светлина.
Поради овие две причини, светлосниот сноп се прекршува пред мрежницата наместо во центарот за вид, односно фокусот се наоѓа пред мрежницата наместо на неа.
! | Според степенот на јакост миопијата се дели на: |
1 | мала (до 3 диоптрии), |
2 | средна (до 6 диоптрии), |
3 | голема (над 6 диоптрии). |
! | ФАКТОРИ НА РИЗИК ЗА ПОЈАВА НА МИОПИЈАТА |
! | Одредени фактори можат да ја зголемат веројатноста за појава на миопија: |
1 | Генетика: миопијата е најчесто наследна. Ако еден од родителите е кратковид, ризикот за развивање на миопијата е зголемен, а таа веројатност е уште почолема ако двата родители се со миопија. |
2 | Прекумерна работа на близина: луѓето кои предолго работат на компјутер или имаат доготрајно дневно читање или пишување. Во денешно време кога телефоните и компјутерите се лесно достапни, нагло се зголемува појавата на миопија, особено кај децата. |
! | Кај луѓето со миопија постојат и некои потешкотии во дневните активности: |
1 | Намален квалитет на животот: потешко извршување на секојдневните активности. Некои дејности се ограничени ако луѓето се миопи како што е кај професионалните возачи. |
2 | Напрегнување на очите: што може да доведе до почеста главоболка. |
3 | Намалена сигурност: при возење или гледање навечер. |
4 | Други поретки компликации: високата миопија ја золемува можноста од настанување на аблација на ретината, глауком оштетувања на очната мрежница. |
! | ДИЈАГНОЗА И ТРЕТМАН |
Кратковидоста се дијагностицира со рутински преглед на видот. Се прави мерење на рефракцијата на окото, со што се утврдува типот на рефракциската аномалија: миопија, хиперметропија или астигматизам.
Првото мерењето е објективно со компјутеризиран апарат, па потоа се прави субјективно мерење со пробни стакленца, со што се одредува конечната диоптрија.
Третманот се состои во давање на диоптријаски очила, контактни леќи, а во последно време има можност и за ласерска корекција на диотријата.
Изборот на типот на корекција зависи од возрастана пациентите и од нивните очекувања и потреби
КАБИНЕТ ЗА ОЧНИ БОЛЕСТИ