ТЕЛЕФОНИ ЗА КОНТАКТ: ++ 389 (0)2 2657 021 и ++ 389 (0)76 488 984 |
Во склоп на Поликлиниката функционира и лабараторија каде што се изработува широка палета хематолошки, биохемиски и имунолошки испитувања.
Хематолошки оддел | |
Во хематолошкиот оддел на лабараторијата се врши широк спектар рутински и специјализирани лабораториски услуги за испитување крв (комплетна крвна слика) и урина. | |
Биохемиски оддел | |
Во биохемискиот оддел, опремен со наjсофистицирани биохемиски апарати, се врши ипитување на следниве биохемиски параметри: глукоза, уреа, креатинин, мокрачна киселина, холестерол (HDL I LDL), триглицериди, електролити (натриум, калиум, јониизиран калциум), вкупен калциум и серумско железо, AST, ALT, алкална фосфата, CK-NAK, CK-MB, LDH, амилаза, RF,CRP,ASO, Hba1c. | |
Оддел за имунологија | |
На одделот за имунологија се врши одредување голем број туморски маркери (PSA, CEA CEA19-9), маркери за хепатитис B и C, и хормони (TSH, FT4, тироидни антитела. | |
ИЗДАВАЊЕ РЕЗУЛТАТИ | |
Резултатите, зависно од времето потребно за изработка на анализата, се изработуваат најдоцна во рок од 24 часа или се готови истиот ден до 14:00 часот. Овозможено е и електронско издавање резултати потребно е само пациентот при прием во лабараторијата да остави e-mail адреса на која ќе му бидат испратени резулататите во времето предвидено за издавање. Резулататот преку Мој термин секојдневно се испраќа и до лекарот кој што го упатил пациентот во нашата лабараторија . |