НОВОСТИ
Е-ПОШТА
contact@jzuzelezara.mk
ТЕЛЕФОН
++ 389 (0)2 2657 051

Пребарајте на нашата веб страна

ЈЗУ Поликлиника “Железара” подржано од Алкалоид КОНС изминатиот викенд ( 24.06.2023 ) спроведе успешна акција за скрининг на населението во населбата Автокоманда со цел – превенција од болести на срцето и крвните садови и ракот на кожата.

 Беа извршени околу 200 интернистички и дерматолошки прегледи ( бесплатно мерење на крвен притисок, шеќер во крв и дермоскопија ). Завидната бројка на граѓани кои покажаа интерес за акцијата јасно укажува за успешноста на истата и секако постигнување на целта во однос на подигнување на свеста на луѓето за сопственото здравје. Прегледите ги извршија специјалисти по интерна медицина и специјалист по кожни болести од Поликлиниката Железара.

ЈЗУ Поликлиника “Железара “ секогаш се труди да биде на чекор поблиску до граѓаните грижејќи се за нивното здравје преку услугите кои ги нуди :

  • Интернистички прегледи
  • Очни прегледи
  • Кожни прегледи
  • Прегледи за уво, нос и грло
  • Невролошки прегледи
  • Психијатриски прегледи
  • Медицина на труд
  • Рентгенолошки иследувања
  • Лабораторија
  • Физикална терапија
  • Психолог
  • Ехо дијагностика

 

Контакт информации

 

BANER WEB

   
ул. 16-ТА МАКЕДОНСКА БРИГАДА БР. 18
1000 СКОПЈЕ
++ 389 (0)2 2657 051 / информации
++ 389 (0)2 2657 000 / директор
contact@jzuzelezara.mk
Локација