СТРУЧНИ ТЕМИ
Е-ПОШТА
contact@jzuzelezara.mk
ТЕЛЕФОН
++ 389 (0)2 2657 051

Пребарајте на нашата веб страна

д-р Галина Наќеска,

специјалист дерматовенеролог

 

1 Од која возраст доенчињата може да се изнесуваат на плажа и да се сончаат?

Доенчињата и најмалите дечиња се многу осетливи на сонце, бидејќи во тек на првите 3 години од животот се развиваат природните механизми на кожата за заштита од сонце. Затоа, педијатрите на интернационално ниво препорачуваат бебињата до 6 месеци воопшто да не се изложуваат на интензивно сонце, а за поголемите од 6 месеци да се избегнува интензивното сонце помеѓу 11 и 16 часот.

 Zastita Sonce Deca 03

 

2 Како треба да се планира престојот на плажа со бебиња?

Пред одење на одмор треба добро да се подготвиме. Во однос на исхраната треба особено внимание да обрнеме на хидратација на бебето. Бебињата имаат поголем процент на вода во нивното тело во споредба со возрасните, а нивната тенка кожа која сѐ уште не е квалитетна бариера дозволува поголема загуба на вода кога надворешната температура е висока. Затоа е потребно внимание од страна на родителите, односно ако станува збор за доенче – мајката треба почесто да му дава да цица, а на малото дете да му се даваат почесто течности. Храната кај дечињата исто така треба да е свежо подготвена, овошјето и зеленчукот да се доста застапени и добро измиени.

Облеката треба да е од тенки и природни материјали, со долги ракави и ногавици кои дополнително ќе ја заштитат кожата од дејството на сонцето, треба да се носи капа и очила за сонце. Потребно е да обезбедиме и добра сенка за игра или за преспивање на бебето.

И да не заборавиме на комарците кои се доста присутни каде што има вода и трева! Препаратите и апаратите за заштита од комарци во голема мерка ќе ни го олеснат престојот за време на одморот и ноќниот сон.

 

3 Кое време е најдобро тие да бидат изложени на сонце?

Најдобро е да бидат изложени на сонце од 8 до 11 часот наутро и после 17 часот попладне.

 

4 Какви креми со заштитен фактор се потребни за да се заштити нежната бебешка кожа?

Кремите за заштита од сонце за бебињата не се исти со кремите за заштита од сонце за возрасните. Родителите можат да изберат детски производ за заштита од сонце од обичната или природна козметика или од медицинската козметика.

За да не ги ставаме во недоумница, ако бебето нема никакви проблеми со кожата можеме слободно да избереме крем за заштита од сонце од групата на козметика, обична, природна и сл. Ако детето има многу чувствителна кожа, атопичен дерматитис/егзем, ако има склоност кон алергии, тогаш е најдобро да одбереме крем за заштита од сонце од групата на медицинска козметика.

 

5 Дали кремите со заштитен фактор може да бидат штетни за бебињата?

Апсолутно НЕ!

Постојат физички и хемиски филтри (супстанции) кои ја заштитуваат кожата од дејството на сончевите зраци. Бидејќи бариерната функција на кожата созрева до крајот на првата година од животот на детето, за бебињата до 1 година се препорачува производот за заштита од сонце да биде само со физички филтри. Тие воопшто не навлегуваат во кожата, туку прават еден заштитен слој над кожата кој ги одбива УВ-те зраци и на тој начин бебешката кожа е безбедно заштитена од сонце.

Од страна на ФДА (Американска агенција за храна и лекови), цинк оксид и титаниум доиксид се најбезбедните физички филтри за заштита од сонце.

Од наполнета 1 година, кога бариерната функција на кожата е веќе созреана, родителите можат слободно да користат и производи кои комбинираат физички и хемиски филтри во заштита од сонцето.

 

6 Со кој заштитен фактор треба да се почне за да се заштити кожата на бебето?

Во периодот на најинтензивното сонце (јули, август) бебињата треба да се заштитуваат со производ со висок или многу висок заштитен фактор од сонце (од 30 до 50+), а во останатиот период од годината зависно од интензитетот на сонцето може и со производ со помал заштитен фактор од сонце.

 Zastita Sonce Deca 04

 

7 Освен од сонцето, како да се заштити бебето и од песокот?

Од хигиенски причини, ако бебето е малечко најдобро е да носи пелени кои ќе ги менуваме редово. Кога ќе почнат да седат или се со желба за проодување добро е да обезбедиме и гаќички за капење, за да можат уште повеќе да уживаат на плажа. Исто така ако бебето е помало можеме да го ставиме на соодветна прекривка за на плажа, која ќе ја заштити нежната детска кожа од можна иритација при контакт со песокот или евентуално од инсектите кои живеат во песокот.

 

8 Сѐ почести се алегриите од сонцето. Кои се вашите препораки, како да се реагира и како да се заштитат бебињата и децата?

Точно е дека алергиите на сонце се сѐ почести кај луѓето, но кај бебињата и дечињата е најизразена големата осетливост на сонце, поради причините за кои зборувавме претходно.

Најголем дел од реакциите на кожата кај нив ќе ги избегнеме со користење на квалитетен производ за заштита од сонце. Кај мал број деца и кај дел од возрасните можно е да се развие алергиска реакција на сонце.

Таа се манифестира со чешање, пецкање на кожата (пациентите често го опишуваат како боцкање со иглички), појава на црвенило од ситни точки на кожата до помали или поголеми црвени површини. Се работи за локална кожна реакција која зависно од интензитетот може да биде многу непријатна и да го расипе одморот на пациентот.

Мојата препорака за сите кои имаат алергија на сонце е да се обратат за совет кај лекарите и фармацевтите и задолжително да ја заштитат кожата со производи кои се специјално направени за заштита на кожа со алергија на сонце. Овие производи се користат да ја заштитат кожата од сонце, а истовремено имаат активни супстанции кои спречуваат да се развие алергиска реакција на кожата и можат да ги користат сите возрасни групи кои се засегнати со овој проблем

 Zastita Sonce Deca 02

 

д-р Галина Наќеска,

специјалист дерматовенеролог

 LOGO T S 400 300

 

Контакт информации

 

BANER WEB

   
ул. 16-ТА МАКЕДОНСКА БРИГАДА БР. 18
1000 СКОПЈЕ
++ 389 (0)2 2657 051 / информации
++ 389 (0)2 2657 000 / директор
contact@jzuzelezara.mk
Локација

 

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.jzuzelezara.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)