СТРУЧНИ ТЕМИ
Е-ПОШТА
contact@jzuzelezara.mk
ТЕЛЕФОН
++ 389 (0)2 2657 051

Пребарајте на нашата веб страна

д-р Билјана Бундевска,

специјалист оториноларинголог

 

Алергиски ринит енитет тесно поврзан со современото живеење.

Зголемената индистријализација, модернизација, зголеменото ниво на стрес, загадувањето на воздухот, водата и почвата, динамичниот начин на живот, употребата на хемикалии во сите облици во секојдневието се главните фактори кои водат до нарушување на физиолошката рамнотежа на организмот што пак од друга страна води до појава и раст на голем број заболувања. Алергискиот ринит е едно од тие нарушувања на здравјето чија појава е во директна корелација со промените што ги носи современиот живот. Токму за него може слободно да се каже дека бележи значителен пораст во светски рамки за кој сме секојдневно сведоци и самите.

Алергискиот ринит всушност преставува реакција на перосетливост на организмот кон одредени честички наречени алергени кои ги вдишуваме, при што организмот ги препознава како непријатели, се чуствува нападнат и преку одредени физиолошки реакции се обидува да се одбрани. Носот претставува првата врата т.е првиот филтер наоружан со низа механизми за одбрана, преку кој доаѓаме во контакт со надворешната средина и слободно може да се каже дека има директна улога во зачувувањето на здравјето. Токму поради тоа потребно е да се грижиме да имаме здрав нос како би можеле да превенираме појава на заболувања. Оној момент кога вдишуваме честички - алергени кои организмот ги препознава како непријатели започнуваат низа реакции чиј резултат е појава на одредени симптоми кои пак од друга страна укажуваат на појава на болест. Појавата на симптомите преставуваат аларм кој ни укажува дека нешто се случува и дека е време нешто да превземеме да му помогнеме на организмот во одбраната.

Поделбата на алергискиот ринит е на сезонски кој се јавува само во одреден период од годината - најчесто пролет и есен познат како поленски ринит и целогодишен кога симптомите перзистираат во текот на целата годинa. Не се поштедени ниту децата ниту возрасните и подеднакво ги опфаќа и двата пола

 Alergija 02

 

Симптоми кои укажуваат на алергискиот ринит се отежнато дишење на нос, секрет од нос , појачано слевање на секрет кон грло, кивање, можна појава на кашлица , сварб на очите, носот и ушите.

Интересно е да се спомене дека симптомите на алергискиот ринит се преколопуваат со почетните симптоми на горнореспираторните инфекции кои се најчесто предизвикани од респираторните вируси. Така да во првите денови не можеме со сигурно да направиме разлика дали се работи за вирусна инфекција или алергиски ринит. Со текот и развојот на заболувањето кај инфекциите доаѓа до влошување на состојбата со појава на други симптоми од типот на покачена температура, болки во коски и мускули, болки во грло, интензивирање на кашлица, малаксаност....

За разлика од инфекциите симптомите кај алергискиот ринит имаат еден ист тек и траат подолго време. Но треба да се знае дека доколку постои алергиски ринит и тој не е соодветно и навремено третиран може да доведе до одредени компликации кои би значеле влошување на состојбата т.е развој на инфекција настаната како резултат на нарушување на физиолошката рамнотежа.

Во однос на лекувањето самата состојба како таква не може комплетно да се излекува туку со помош на медикаментозната терапија може да се држи под контрола и да не се допушти настанување на компликации. Во дел на превенција на алергискиот ринит, а со тоа и другите респираторни заболувања битно е да се одржува редовна хигиена на носната шуплина со што би ја подигнале природната заштитна бариера на респираторните патишта, а тоа би се одразило на целокупната здравствена состојба на организмот.

Сам по себе алергискиот ринит не е животнозагрозувачка состојба, но врши значајно нарушување на квалитетот на живот и баш поради тоа потребнo е навремено и правилно дијагностицирање и третман како би се одржувал квалитетот на живот на завидно ниво

 Alergija 01

 

Кога станува збор за алергискиот ринит како таков слободно можеме да кажеме дека претставува дел од совремнеиот начин на живот.

Модернизацијата, индустријализацијата, динамичниот начин на живот, зголеменото ниво на стрес се значаен фактор кој предизвикуваат промени на нормалното функционирање на човековиот организам што од друга страна резултира со појава на одреди заболувања. Еден од најчестите ентитети кој бележи значаен пораст со модернизацијата претставуваат алергиите за кој сме секојдневно сведоци во нашите ординаации.

Самата алергија преставува реакција на преосетливост на организмот предизвикана од контакт со одредена материја која се нарекува алерген и која организмот ја препознацва како страно тело и се стреми со низа физиолошки реакции на некој начин да се одбрани.

Во зависност од алрегенот и начинот на кој настанува контактот со човековиот организам постојат неколку типа на алергиски реакции:

  • Реакција на инхалативни алергени (алергени што ги вдишуваме)
  • Реакација на ингестивни алергени (алергени внесени преку храна)
  • Реакција на контактни алергени (алергени кои се внесени преку директен контакт преку кожа)

 

Алергискиот ринит влегува во групата на реакција на инхалативни алергени и настанува кога вдишуваме честички кои се слепуваат на лигавицата на носот и долните респираторни патишта и доведуваат до појава на одредени симптоми.

Симтомите на алергискиуот ринит можат да се појават во одреден период од годината кога станува збор за сезонски алергиски ринит или можат да перзистираат во текот на целата година познат како целогодишен алергиски ринит.

Како проблем не поштедува никого ни според пол ни според возраст. Самата состојба како таква не е животно загрочувачка но го нарушува квалитетот на живот и може да претставува подлога за појава на комликации. Во делот на симптомите на алергискиот ринит вредно е да се спомене дека многу често знаат да се преклопат со симптмите на горнореспираторни инфакции било да се работи за вирусни или бактериски.

И состојбата на алергискиот ринит и инфекцијата започнуваат со симптоими на отежнато дишење на нос, секрет од нос, појачано слевање на секрет кон грло, кивање, можна појава на кашлица и потоа со развојот на самата состојба настанува раздвојување на симотомите кои кај воспаленијата одат кон влошувње од тип на покачена температура, болки во тело, грло, малаксаност и симотми кои корелираат со зафатрениот орган.

Кај алергискиот ринит најчесто се јавува и свраб на нос, очи, солзење на очи и симотмите генерално имаат еден ист ток и траат подолго време најчесто без поголеми промени освен во ситуации каде натанува одредена компликација која ке резултира со симтоми на зафатениот орган во телото (пр. Синузит или воспаление на уво).

Потребно е да се спомнеме дека пациентите кои го имаат проблемот со алергискиот ринит ги препознаваат симптомите и добро се едуцирани во однос на тоа како да реагираат.

Проблемот настанува кај тие кај кои за прв пат се јавува како проблем и не можат да разграничат за што точно станува збор и како да реагираат во прв момент. Секако тука мора да се споменат и семејните лекари кои се првата станица на која треба да се симнат пациетите на своето патување кон дијагностицирањето и лекувањето на одредено заболување.

Токму семејните лекари прават првично дијагностицирање на состојбата и одлучуваат дали лекувањето треба да го продолжи специјалист по увос, нос и грло. Секако потребна е и правилна едукација со што пациентите лесно би можеле да препознаат кој е моментот кога треба да го посетат семејниот лекар

 

д-р Билјана Бундевска,

специјалист оториноларинголог

 LOGO T S 400 300

 

Контакт информации

 

BANER WEB

   
ул. 16-ТА МАКЕДОНСКА БРИГАДА БР. 18
1000 СКОПЈЕ
++ 389 (0)2 2657 051 / информации
++ 389 (0)2 2657 000 / директор
contact@jzuzelezara.mk
Локација

 

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.jzuzelezara.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)