д-р Галина Наќеска,
специјалист дерматовенеролог
Едни од најчестите кожни болести се акните.
Се појавуваат кај двата пола. можат да се појават и во било која воздраст ,но најчести се кај алдолецентите.Појавата на акни е толку честа што ги зафаќа 85% од младата популација на луѓе, почетокот може да биде од 10 до 17 години кај женските и од 14 до 19 години кај момчињата ,но не е исклучено да се се појават кај бебиња и постари луѓе.
Акните се хронична воспалителна болест на пилосебацеалната структура на кожата (влакнен фоликул и лојна жлезда). Фактори за појава на акни се: мултифакторијална генетската предиспозиција, хормонален дисбаланс на (половите хормони) и присуството на бактерии во лојната жлезда. Сите горенаведени фактори на крај водат до воспалителен процес на кожата кој се резултира со појава на акни.
Најчеста локализација е (чело, образи, нос, брада), а може да се јават на вратот, рамената и градната регија.
Форма на акните според тежина
- Слаба форма
- Умерено тешка или средна
- Тешка форма на акни
Проблемот со акните особено во пубертет може да доведе до психичко оптоварување поради нарушен естетски изглед и повлекување во себе, асоцијално однесување, и депресија, поради што младата популација бара начин сама да го реши проблемот и често се случува своеволно да се лекуваат и не е редкост заедно со своите родители да бараат помош и лутаат долг временски периот и по препорака на не стручни лица аплицираат локални препарати, прават хемиски пилинзи дури и орално користат колагенски препарати и на 14 годишна воздраст што воедно е загрижувачки.
Апелирам до сите со оваа патологија да побараат стручно мислење и преглед од лекар дерматовенеролог.
Лекувањето на акните вклучува користење на ретиноиди (локално и преку уста), системски и локални антибиотици
Терапијата е различна и се ординира според шема, протокол за лекување во зависност од формата на акните.
Лекувањето трае од 3 до 6 месеци, со редовни месечни контролни прегледи кај лекар дерматовенеролог поради нусефекти од системската терапија, и резистентност на локалната антибиотска терапија.
Лекарот е тој што треба да направи преценка кога да се започне со хемиски пилинзи, каков да биде пилингот површински или длабок, и вклучување на ласер терапија во целокупниот третман на акните.
Иако процесот на лекување е бавен резултатите по соодветно ординирана терапија се секогаш добри!
На крај задоволството е големо и обострано кај пациентот и кај лекарот
Со видните резултати и регресија на кожните промени Се враќа и самодеврбата на личноста.
д-р Галина Наќеска,
специјалист дерматовенеролог