КАБИНЕТ ЗА ОЧНИ БОЛЕСТИ
Алергиските коњуктивити се честа појава во пролетниот период од годината. Предизвикуваат солзење, црвенило и чешање на очите.
Најчести причини за ова заболување се полените, козметичките сретства, прашина, домашни миленици и други алергени.
! | ПРИЧИНИ ЗА ПОЈАВА НА АЛЕРИСКИТЕ КОЊУКТИВИТИ |
Кога очите ќе дојдат во контакт со алергенот, во коњуктивата на очите се испушта Хистамин, па во многу краток период по контактот, настапува појава на типичните симптоми.
Обемот на симптомите е зависен од количината на алерген, пример во топло и суво време, особено ветровито време, количината на полен е поголема а со тоа и понагласени се симптомите на алергија. Најмала количина на полен е при врнежливо време, па со тоа и симптомите се намалени.
Реакцијата на луѓето кон различните видови полен е различна, индивидуално од лице до лице, од подрачје до подрачје.
! | СИМПТОМИ НА АЛЕРГИСКИ КОЊУКТИВИТ |
Симптомите на алергиски коњуктивит се манифестираат на двете очи.
! | Најчестите симптоми на алергиски коњуктивит се следниве: |
1 | Очите се розеви или црвени; |
2 | Пациентите чувствуваат чешање на очите, исто и нагласено жарење; |
3 | Често има оток на капаците на очите; |
4 | Се јавува зголемено солзење; |
5 | Видот не е влошен; |
6 | Очите не се болни; |
7 | Нема гнојна секреција. |
! | ЛЕКУВАЊЕ НА АЛЕРИСКИОТ КОЊУКТИВИТ |
Лекувањето најчесто е со локална терапија со антихистамински капки, поретко се користат кортикостероидни капки и антихистаминици во облик на таблети.
Како дополнителна терапија се советува користење вештачки солзи за испирање на очите.
На пациентите им се даваат совети како да го избегнуваат алергенот, иако понекогаш тоа е навистина тешко да се направи.
КАБИНЕТ ЗА ОЧНИ БОЛЕСТИ