ВЕБ ПОЛИТИКИ
Е-ПОШТА
contact@jzuzelezara.mk
ТЕЛЕФОН
++ 389 (0)2 2657 051

Пребарајте на нашата веб страна

1. ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

 

Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата веб страна и/или користите некоја од нашите услуги преку неа.

Ние ги собираме само оние лични податоци (во ограничен обем, пример име и презиме и податоци за контакт) кои се неопходни за да оствариме контакт со посетителите на нашата веб страна што побарале информација од нас или сакаат да користат некоја од нашите услуги.

Сите информации кои ги собираме од веб страната се исклучиво за наша употреба (најчесто за комуникација со корисници) и тие не се (и нема да се) предаваат на други лица по каква било основа. Од веб страната не собираме никакви информации од финансиска природа, како број на платежна картичка и сл.

Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и се обврзуваме дека нема намерно да собираме или користиме податоци од малолетни лица. Ги превземаме сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на корисниците за да се минимизира ризикот од неовластен пристап и злоупотреба.

 

КОНТРОЛОР НА ЗБИРКИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

 

Контролор на личните податоци е ЈЗУ ПОЛИКЛИНИКА ЖЕЛЕЗАРА, преку избраниот офицер за заштита на лични податоци. Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

 

  Службено лице за посредување со информации од јавен карактер
Ева Тимовска
infojk@jzuzelezara.mk
++389 (0)2 2657 000
   

 

ЧИИ ПОДАТОЦИ СОБИРАМЕ?

 

Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:

  • Посетители на нашата интернет страна. Вообичаено собираме податоци за навигација (види подолу) што се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб - страна и за одржување на информациска сигурност на нашата веб страна. Повеќе за употребата на колачиња („cookies“) прочитајте во нашата политика за користење колачиња.
  • Посетители на нашата интернет страна што побарале информација или сакаат да користат некоја од нашите услуги. Лични податоци (во ограничен обем, име и презиме и податоци за контакт) кои се неопходни за да оствариме контакт со посетителите на нашата интернет страна што побарале информација од нас или сакаат да користат некоја од нашите услуги.
  • Учесници на јавни повици, конкурси или огласи. Информации за идентитетот на подносителот и/или лични податоци на други лица вклучени во пријавата (апликацијата) потребни за спроведување на постапката и постапување согласно овластувањата наведени во Законот за заштита на личните податоци.
  • Учесници на проекти, конкурси, јавни повици, обуки, конференции и настани. Лични податоци за цели на спроведување на соодветните настани организирани од ЈЗУ ПОЛИКЛИНИКА ЖЕЛЕЗАРА.
  • Лица кои бараат пристап до информации од јавен карактер врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. За да се обработат барањата за пристап до информации од подносителите се бара да достават одредени податоци, врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
  • Лицата кои врз основа на Законот за заштита на лични податоци поднесуваат известувања и барања. Во овие случаи ова може да вклучува и лични податоци на контролорот (во случај на физичко лице, на пример трговец поединец) и на соодветниот офицер за заштита на личните податоци. Во секој случај, овие податоци имаат ограничен обем (име и презиме и контакт податоци) и се тесно поврзани со професионалните активности на контролорот.

 

КАТЕГОРИИ НА ПОДАТОЦИ КОИ СЕ ОБРАБОТУВААТ

 

(A) ПОДАТОЦИ ЗА НАВИГАЦИЈА

 

При посетата на нашата веб страна, за секој посетител се креираат записи со следниве податоци:

  • Вашата интернет протокол (IP) адреса;
  • Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
  • Вашиот оперативен систем;
  • Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
  • Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
  • URL на страната која ве префрлила на нашата веб страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете нашата веб страна;
  • Јазикот на пребарувачот кој го користите;
  • Држава (се одредува преку IP адресата).

 

Серверските записи автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен ако околностите налагаат подолго задржување, пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.

 

(Б) ПОДАТОЦИ ШТО КОРИСНИЦИТЕ ДОБРОВОЛНО ГИ ДОСТАВУВААТ

 

Лични податоци што ги прибираме од Вашата посета на нашата веб страна, се само оние податоци што Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели а тоа може да се: име и презиме, email адреса, контакт телефон и адреса.

 

КАКО ГИ СОБИРАМЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ?

 

Личните податоци ги собираме преку:

  • преку Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ги овде и формуларите за контакт или пријавување (аплицирање);
  • преку нашата email адреса за контакт
  • преку пошта,

 

КАТЕГОРИИТЕ НА КОРИСНИЦИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

 

Активностите на обработка на лични податоци поврзани со on-line услугите достапни преку нашата веб страна, ги извршуваат вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности. Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен по барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законска основа за тоа.

 

ВРЕМЕ НА ЧУВАЊЕ НА СОБРАНИТЕ ПОДАТОЦИ

 

Податоците што ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени со рокови на чување на личните податоци според Законот за заштита на личните податоци.

 

КОИ СЕ ВАШИТЕ ПРАВА?

 

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на приговор

 

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци. Тоа може да се направи преку нашата веб страна или на кој било начин преку контакт информациите објавени во делот за КОНТАКТ.

 

ПРАВО НА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ДО ЈЗУ ПОЛИКЛИНИКА ЖЕЛЕЗАРА

 

Ако сметате дека начинот на кој ги обработуваме Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до ЈЗУ ПОЛИКЛИНИКА ЖЕЛЕЗАРА по кое ќе се постапува согласно Законот за заштита на личните податоци.

 

 

  Службено лице за посредување со информации од јавен карактер
Ева Тимовска
infojk@jzuzelezara.mk
++389 (0)2 2657 000
   

 

ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ

 

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.

 

 

2. ОБЈАВЕНИ СОДРЖИНИ

 

Содржините што се објавуваат на нашата веб страна се креирани од нашите вработени одговорни за тоа или лицата задолжени за извршување на тие активности.

Ако во објавените содржини има лични податоци тогаш тие се објавуваат само по добиена согласност од лицето чии што податоци се објавуваат.

Кога се објавуваат превземени содржини тогаш секогаш се проверува веродостојноста и вистинитоста на информациите во содржината а потоа се објавува и изворот од каде што е превземена соодветната информација.

Ако сметате дека објавените содржини на кој било начин ги повредуваат Вашите права (повреда на авторски права, невистинити информации и слично) или начинот на објавување лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до ЈЗУ ПОЛИКЛИНИКА ЖЕЛЕЗАРА по кое ќе се постапува согласно Законот за заштита на личните податоци. Тоа може да се направи преку нашата веб страна или на кој било начин преку контакт информациите објавени во делот за КОНТАКТ.

 

 LOGO MPPS H T 400

 

Контакт информации

 

BANER WEB

   
ул. 16-ТА МАКЕДОНСКА БРИГАДА БР. 18
1000 СКОПЈЕ
++ 389 (0)2 2657 051 / информации
++ 389 (0)2 2657 000 / директор
contact@jzuzelezara.mk
Локација

 

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.jzuzelezara.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)